Our website uses cookies so that we can provide you a better online experience and service;

by continuing, you agree to our use of cookies in line with our Privacy Statement

Corian® Solid Surfaces

Цврстите површини Corian® на DuPont™ ги прават креативните визии реалност

Гравирајте ги. Обојте ги. Термоформирајте ги. Цврстите површини Corian® на DuPont™ може да бидат сѐ што ќе си замислите. Брановидни, практично бесшевни органски форми, смели ефекти на боја и прозрачност – ако можете нешто да замислите, можете и да го создадете со Corian®.

Како препознатлива иновација на DuPont, Corian® продолжува да еволуира и да инспирира. DuPont соработува со дизајнери и архитекти, уметници, стручњаци за спецификации и професионалци за фабрикација од целиот свет, за да постигне нови креативни височини со овој неверојатно сестран материјал. Направете избор од голем опсег на трендовски дезени и нијанси. Можете дури и да создавате ваши сопствени бои. А цврстите површини Corian® се соодветни насекаде — тоа е материјалот кој го претпочитаат архитектите и дизајнерите кои се специјализирани за услуги од областа на здравството, храната, сместувачките услуги, канцелариите, училиштата, и секако, домовите.

Ние претставуваме бескрајна еволуција

„Бескрајна еволуција“ го изразува тоа што Corian® беше досега, тоа што е и тоа што ќе биде во иднина. Слоганот ги пренесува нашето наследство и нашата визија за иднината: еволутивен пристап кој ќе продолжи да придонесува за успехот на сите наши деловни партнери. Corian® го отелотворуваше овој дух на постојана еволуција уште од своите револуционерни изуми во 1960-тите - како во својата флексибилна природа, така и во рацете на креативните мислители кои ги унапредија неговите можности. Нашите наследство, постигнувања и визии за иднината. Ајде да го започнеме патувањето.

FEATURED